ЗЕЛС бара итна средба со Владата за да интервенира во намалување на енергетската криза

Локалните власти бараат поддршка од централната за справување со последиците од енергетската криза.  Претседателката на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска побара Владата да преземе одговорност и итни мерки преку финансиска помош на Општините, кои поради економската криза се наоѓаат во тешка состојба, односно сметките за електрична енергија го јадат речиси целиот буџет бидејќи се зголемени за речиси 500%.

Општините бараат итно усвојување на законски измени со што тие како и училиштата би биле третирани како домаќинства

со што би добивале поголем дел од Данокот на додадена вредност и од персоналниот данок како и диреткна поддршка од државниот буџет.

„Кризата е започната од август месец. Кога Вие сте виделе од август месец, да повика локалната самоуправа да превземе вакви чекори? Не ги превземала овие чекори и не повикала на вакво нешто затоа што сметала дека своите претставници во локалната самоуправа треба да им помигне, а не да бара од нив- одговорност“,  изјави Данела Арсовска, претседателка на ЗЕЛС

Најголем проблем е едностраното раскинување на договорите за снабдување со електрична енергија што ги имале општините со енергетските компании. Во општина Ѓорче Петров на пример додека бил активен претходниот договор сметката за струја изнесувала 700 илјади денари, а сега откако е раскинат сметката надминува 3 милиони денари.

„Барам Владата да ни излезе во пресрет да ја субвензионира разликата  во моментов, како модел кој што би бил најбрзо апликабилен во делот на финансоска помош кон општините. Исто, во меѓувреме силно да се заложиме за поголеми, капитални инфраструктурни проекти кои би значеле поставување на фотоволтаици на сите јавни објекти кои што се во владение на општината“,  изјави градоначалникот на општината Александар Стојкоски.

Општините бараат Владата времено да ја субвенционира разликата во цените, но и усвојување на законските измени со што би добивале поголем дел од данокот на додадена вредност и од персоналниот данок.

Јане Трпковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста