Зелената платформа на ДУИ – реалност или само сон?

“Да го оствариме заеднички зелениот сон”-лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги повика и обврза кандидатите за градоначалници дека нивен приоритет ќе биде зелената агенда.Но, дали ќе се оствари сонот?Токму неговата партија е на власт веќе осум години во Тетово- еден од најзагадените градови во државата. Град кој со години има проблеми со нечистотија и менаџирање на отпадот, загаден воздух, недоволно вода за пиење, куп диви депонии.

Искуството за тетовци од она што досега е сторено во оваа насока, не е воопшто позитивно.Тешко велат,сонот ќе стане реалност,оти градот никогаш не бил толку запуштен.

Меѓу петте завети на кои ги обврза Ахмети идните градоначалници, зелената агенда е на прво место, па следат дигиталната, агендата на отворена врата,вклучување на граѓаните и нула политика.Барем досега, општините кои ги водеа кадри на ДУИ, не се покажаа најдобро ниту во овие области. Но,партијата повторно им даде доверба, а дали и граѓаните, ќе се знае на претстојните локални избори во октомври.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста