„Зелената нафта“ и по 4 години повторно се најде во новиот пакет мерки на СДСМ

Мерката „зелена нафта“ која беше предизборно ветување на СДСМ уште пред 4 години, повторно се најде на тацна во новиот пакет мерки на власта. Кога се кроеше буџетот годинава, „Зелената нафта“ беше редовно најавена дека за 50% ќе ги покрие трошоците на земјоделците, за сега истата да ја рекламираат како антикризна мерка.

Од Национална федерација на фармери се револтирани зошто мерката „зелена нафта“ стои во 3-тиот пакет како антикризна, иако се работи за редовно најавена уште од лани. Велат дека не било фер власта да си игра со родот на земјоделците.

– Таа мерка веќе е предвидена, зашто согласно Законот тоа им следува на земјоделците. Истата оваа мерка почна уште мината годинма, и искрено ние предлагаме што побрзо да почне да се применува и нашите луѓе да ја користст, рече Васка Мојсоска од Националната федерација на фармери на Македонија.

„Зелената нафта“ уште од кога е најавена се реализираше со задоцнување и половично, реагираат земјоделците. Велат дека процедурите биле многу сложени, па затоа добар дел од земјоделците биле разочарани дека искористеноста била слаба.

– Се дур не ставиме житито во амбар, ние не можеме да се кажеме ништо. Морам да кажам дека прогнозите во земјоделството не се добри, состојбата не беше ни малку за поздравување, иста е сликата и кај сточарството и полјоделството. Короната дополнително им наштети и на полјоиделските култуири на луѓето, кои мака мачеа околу извозот, рече за Алфа Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

Министерот за земјоделство рече дека мерката не била за да се поткупат земјоделците, туку за да им се помогне, иако според анализите нејзиното имплементирање во пракса одеше многу тешко.

– Разликата е во тоа што тогаш беше 30% субвенционирана зелената нафта, а сега е 50%, и тоа го дозволува законот. Ние го правиме тоа за да им се овозможи поконкурентно производтсво на сите земјоделци низе државата, рече министерот за земјоделство Трајан Димковски.

И додека земјоделците негодуваат, голем дел од оние што се регистрирани според законот за ПИОМ воопшто не можеле да аплицираат. Побарале да поднесат барања посебно од другите. Но засега освен најави дека ќе се разгледаат нивните барања, конкретно нема ништо, освен најава дека ќе било подобро.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста