Зелената ДУИ изброната кампања ја “зачини” со пукотници
Зелената ДУИ се чини предвреме почна да слави.Вчера на отворањето на изборниот штаб на партијата во Чаир,но и на митинг во тетовско Желино,се пукало со огнено оружје. На отворањето на штабот присуствувале вицепремиер Артан Груби, актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат во Чаир, Висар Ганиу и пратеникот, потпретседател на ДУИ и ексградоначалник на општината, Изет Меџити.На видеото кое се шити на социјалните мрежи, се гледа како Меџити го започнува својот говор, по што веднаш е прекинат од неколку последователни истрели од пиштол.
Прашавме во МВР,дали и како ќе постапат.Ни одговорија, дека работеле на случајот.
До МВР досега не е пријавено за ниту еден од двата случаи. Но, по објавата на видеото, министерството анализира и работи на расчистување на случајот, по што ќе следуваат санкции.
Пукањето,особено после изборните победи, ДУИ го практикува со години. И за време на парламентарните избори, лани во јули, откако лидерот на партијата, Али Ахмети прогласи победа, следуваше рафално пукање со огнено оружје, токму кога нашата екипа беше вклучена директно во отворената програма на Алфа.
Инаку, за ова се одговара пред Законот и прекршочно,поради нарушување на јавниот ред и мир, но и кривично, за предизвикување на општа опасност.
Милена Вучевска