Здруженијата на Егејците од Македонија на традиционален собир пред „Паметникот“ во Катланово

Здруженијата на Егејците од Македонија на традиционален собир пред „Паметникот“ во Катланово

Катлановска бања 1947 година е прибежиште за ранетите партизани од Егејска Македонија, а последниве десет години Егејците од Македонија им оддаваат почит пред споменикот што во нивно име е поставен е токму тука, болницата каде тие се лекувале во периодот по Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција. Ристо Соколовски се сеќава на раскажувањата на неговиот татко кој бил партизан кој на 19 годишна возраст со повреди во главата бил донесен во тогашната болница во Катланово, а по три месеци лекување се вратил назад  во војната. Во семејството на таткото на Николовски од 5 деца, тројца се партизани, а само двајца го преживеале теророт од граѓанската војна во Грција.

Пораката на Егејците од Македонија и тогаш и денес е иста. Обединети Македонци во слободна и независна држава. Здруженијата на Егејците од Македонија не ги забораваат страдањата и жртвите на своите предци. Претседателот на форумот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел, Ташко Јованов вели дека стотици страни се напишани за голготата на прогонетите Егејци и нивните страдања и токму затоа никогаш не смееме да ги заборавиме. Во болницата се лекувал таткото на неговата сопруга кој потоа

Еден од организаторите на средбата, Александар Георгиев појаснува дека ранетите борци биле прифатени на повеќе места во Макеоднија, не само Катланово туку и во кочанско и велешко.

Егејците од Македонија им порачуваат на надлежните да не го заборават минатото и положените животи на храбрите борци од Егејскиот дел.

Оваа година чествувањето е организирано од страна на скопските здруженија на Македонците од Егејскиот дел, Општина Петровец и Управата на Катлановска бања. Споменикот со име „Паметникот“ е поставен во 2014, а оттогаш наваму на овој ден потомците на борците не забораваат да им оддадат почит на ранетите и загинатите коишто се бореле за независна татковина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста