Здруженија бараат ревизија на законот за Шар Планина со јасна забрана за изградба на хидроцентрали

Ревизија на Законот за прогласување на Шар планина за Национален парк,со кој јасно ќе се забрани изградба на мали хидроцентрали,бараат повеќе од 40 здруженија од земјава.Во сегашната нацрт верзија, никаде не се нуди заштита,што ќе значи победа за хидромафијата и целосно уништување на Шара. Штетите од хидроцентралите се огромни-изумирање на живиот свет,намалување на шумскиот фонд,појава на свлечишта и лавини.Со бетонизирањето се прави екоцид врз природата и ова треба да се спречи,алармираат активистите.

Ако се спроведат сите планови за изградба на мали хидроцентрали, на Шар планина ќе има 40-тина на делот кој се прогласува за Национален парк.За нас тоа е дијаметрална спротивност на намерата да се заштити едно подрачје,знаејќи го влијанието на хидроцентралите врз природните вредности, документирано во извештаи,анализи експертски, дури и во студијата за валоризација на Шар планина врз основа на кој се изработува овој Закон-вели ИСКРА СТОЈКОВСКА-  Директор на фронт 21/42.

Шар планина со години чека да биде прогласена за Национален парк,за да запре нејзиното понатамошно уништување.Планината сеуште се соочува со нелегална сеча, градежна експанзија,а загрозени се животинскиот и растителниот свет,поради што се бара од ресорното министерство, итно да ја стави Шара под привремена заштита. Инаку,во земјава само Пелистер, Маврово и Галичица се заштитени подрачја,но, сите заедно сочинуваат само 9 % од територијата на Македонија-што е далеку, од европските стандарди.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста