Здружението на инжењери повторно предупредува дека енергетските закони се висок ризик од корупција
По враќањето на законите во Собранието од Здружението на инженери повторно предупредија дека проектот е високо ризичен од аспект на корупцијата и дека ќе се направи штета на државниот буџет.
„Ние до денешен ден не добивме одговор на барањето да бидеме поканети и да го изнесеме нашето мислење по прашањата што се разгледуваат на седниците на работните тела: Комисија за економски прашања и Законодавно правна комисија за четирите закони за реализација на стратешки инвестициони проекти. Информираме дека Законот за стратешки инвестиции, врз основа на кој се носат овие закони како лекс специјалис, е карактеризиран како закон кој согласно формата и содржината може да продуцира ризици од корупција од страна на државната комисија за спречување на корупцијата и за истиот во постапка се измени и дополни“, се вели во нивната реакција.