Здружението „Иван Михајлов“ нема одобрение од Министерството за правда за употреба на неговото име

Кој дозволил клубот „Ванчо Михајлов“ да се регистрира во Македонија под тоа име и кога? Надлежноста е во рацете Централен регистар, но кога станува збор за историска личност која е почината согласност, прво се бара од неговите наследници до трето колено. Доколку ги нема, одобрение дава Министерството за правда. Во случајот со основањето на клубот, основачот практично нашол дупка на релацијата, централен регистар-правда.

Од здружението испратиле барање за регистрација под името„Ванчо Мијахлов“ кое на адреса на правда стигнало на 5-ти март 2019 година. Тогаш регистрацијата била одбиена со образложение дека не постои регистар на историски личности или документ со кој може да се утврди статусот на историската личност.

Министерството се повикува на фактот што во називот на здружението Културен центар ,, Иван Михајлов” кое е во постапка  на основање и регистрирање пред Централниот регистар на РСМ, содржано е името на историска личност, а имајќи предвид дека не постои регистар на историски личности или било кој друг документ со кој министерството не може да даде одобрение велат од Министерстото за правда за Алфа.

Па така основачот Љупчо Ѓоргиевски со листот од правда, една недела подоцна стигнал до Централен регистар да  го регистрира здружението.  Тогаш регистарот сметал дека  во запишаните цели и програма на делување на здружението немало елементи кои се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, па за само два дена го дозволиле отворањето на клубот во Битола.

Централниот регистар го зема во предвид известувањето од Министерството за правда за немање регистар за историски личности но, исто така, не е предвидено дека друг државен орган води регистар на историски личности. Или, со други зборови, не постои надлежен државен орган кој може да издаде одобрение за употреба на име на личност. Имено, Централниот регистар не може да го спречи загарантираното уставно право на граѓаните за слобода на здружување заради остварување на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања како темелна вредност определено во член 20 и член 48 од Уставот на Македонија – велат од Централен регистар.

Колку за потсетување, лани, екс министерот за правда, Бојан Маричиќ не дозволи регистрација на граѓанско здружение кое во своето име, требаше да го содржи терминот „Македонија“. Повикувајќи се на Преспанскиот договор,  со кој од Уставот биле избришани одлуките на АСНОМ, а останал само Прогласот на АСНОМ, Маричиќ не го дозволи  името на здружението АСНОМ бидејќи го содржи зборот Македонија.  Сега од правда, пак,  велат дека зборот ,,Македонија” и зборовите изведени од него како и неговите кратенки, може да се содржани во името на организацијата само со одобрение на Министерството за правда.

Викторија Миткова