Здружението „Билка“ бара легализација на канабисот за лична употреба

Здружението „Билка“, повторно излезе со барање за легализација на канабисот во Македонија. Активистите, побараа легална употреба на канабисот, до 50 грама, и дозволено одгледување, до 10 стебла за рекреативна употреба.

Бараат од властите – да  формираат  посебна агенција за канабис,  и Институт за канабис, при Министерството за земјоделство, а освен јавното здравство, дозвола за препишување на лекови, да има и приватното здравство.

Претствавници од „Билка“, побарале средба со Заев, Филипче, и  Маричиќ, но одговор, досега не добиле.. денеска и утре, се одржува првиот, македонски канабис форум.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста