Здружението Илинденски коњички марш од Горно Лисиче ги демантира информациите дека на Гумење нападнале крушевчанец

По информациите кои се појавија во јавноста дека на Гумење, во Крушево ноќеска се тепале коњаници од Лисиче, а полицаец пукал во воздухот да ги смири, со демант се јави здружението Илинденски коњички марш од Горно Лисиче.

Во нивниот демант се вели следново:

Во врска со синоќешниот инцидент на Гумења во Крушево, здружението илинденски коњички марш од Горно Лисиче најостро ги осудува лагите и клеветите кои беа посочени према коњаницата дека нејзините членови нападнале Крушевчанец. Само за ваша информација вчера не беше удостоена од страна на Општинските власти и се бараше изговор за грешката на домакините. Коњаните кои со денови патуваа кон Крушево за големиот празник на Република Македонија 2 Август, со гордост го пренесуваат патгриотскиот дух за непокор и обединетост на народот а не поддржуваме никакви насилства.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста