Здравството на работ на колапс – преполни болници, нема простор, нема доволно лекари и сестри

Болничките капацитети алармантно се полнат,  здравствените работници се преморени, си заминуваат од државните ковид центри, бројките на новозаразени се огромни. Откако Владата соопшти што предлага за нови рестриктивни мерки помина цел празничен викенд во кој збор не слушнавме дали и што се подготвува официјално. Здравствениот систем колабира а и пациентите.

“Mедицинскот персонал е преморен оваа битка ја водиме од Март. Се снаоѓаме со сопствени кадри, што се однесува до докторскиот кадар морам да кажам дека имаме сериозно проблеми. Работиме само со двајца инфектолози.Во комуникација со МЗ разговаравме за овој проблем. Од инстиуциите ни кажаа дека не можат да ни помогнат.” – кажа директорот на штипската болница, Ален Ѓеоргиев.

И скопска инфективна веќе е полна секој момент ќе почне да се носат пациенти во монтажната болница.

“При крај се капацитетите на Инфективната клиника.Токму поради тоа е отворена и подготвена мобилната болница. Подготвени сме со персонал што чека на стенд бај  за да биде повикан со примеот на првиот пацинет.”рече Милена Стефановиќ – директорката на Инфективната клиника.

Не е подобро ниту во ГОБ „8 Септември“ , а ни во прилепската болница. Раководителката на инфективното одделение уште пред 2 недели алармираше.

„Доколку се заклучи дека на Интерно одделение е некој позитивен за Ковид и е лечен заради инфаркт, да речеме, ќе остане таму, во посебен оддел за изолација.Така што секој оддел си има и треба да си има, доколку нема, соба за изолација, каде што ќе се третира не само сомнителен, туку и позитивен.“ – објаснува раководителката на Инфективно, д-р Мирјана Крстеска.

И ковид делот во болницата во Козле се полни.

“Шест деца и шест родители се во моментов хоспитализирани во Козле.Капацитетите вкупно во болницата се 55 легла.”вели директорот на детската болница Козле.

Вчера глас крена и струмичката болница. На инфективното одделение подолго време нема место, а веќе се наполни и дополнителниот простор кој беше отворен пред една недела.

Загрижува и што на прсти можат да се пребројат инфектолозите во југоисточниот дел од државата. Кочанската општа болница остана без инфектолог. Дојранската амбуланта не ни има, лекарски услуги дава доктор кој доаѓа од Гевгелија. Во битолската болница има уште само десеттина слободни кревети.    

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста