Здравствените власти се целосно подготвени за вакцинација на граѓаните, недостасуваат само вакцините

Планот за имунизација е подготвен – ама конкретен датум, кога Македонија ќе ги добие првите вакцини здравствените власти немаат. Договорот за набавка на 200 илјади вакцини од кинески „Синофарм”  ќе биде потпишан во понедленик.Според најавите,во земјава најбрзо би требало да пристигнат кинеските вакцини, а во март се очекува да пристигне и вакцината на „Астра Зенека“ преку Ковакс. За фајзеровите вакцини кои ги чекаме од Србија, Филипче се уште не знае кога би пристигнале. 

“И двата документи ги чекаме и таа дозвола за извоз од Србија, и нашиот драфт документ. Има некои ситни прашања кои што излегуваат, практично од секојдневната компликација која ја имаме со претставници на Фајзер и дoполнителни информации кои што ги бараат од нас. Брзо се одговара но ете, тие документи се уште ги чекаме”, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

И во ситуација кога земјава досега нема добиено ниту една вакцина Филипче не размислува за набавка на руската вакцина “Спутник ” која на земјава  и е одамна понудена. Иако ЕУ земјите веќе почнаа да ја нарачуваат и е докажано дека е 92 проценти ефиксна, ресорниот министер не ја открива причината зошто се противи на тоа.

„Отворени сме и за таа опција. Нема сомнеж кон ниту една вакцина, вклучувајќи ја и руската. Буквално сите се добри и безбедни ги поминале своите контролни механизми. Со оглед на динамиката односно количината која ќе доаѓа во следните месеци ќе има се повеќе, па сметам дека нема да има потреба“, рече Филипче.

Наспроти ова, македонците најмногу и веруваат на руската вакцина. Анкетите покажуваат дека 30,3 проценти од граѓаните би се вакцинирале “Спутник V”, покажува анкетата на Макфакс. На прашањето „Која вакцина би ја избрале против Ковид-19“, третина од анкетираните граѓани се определиле за руската вакцина, но голем е процентот (29,3%) и на оние кои изјавиле дека не би избрале ниту една вакцина и дека нема да се вакцинираат. Анкетата беше објавена на 3 февруари.  Гласале 6.578 луѓе.

На прашањето дали заради тоа што граѓаните ги остави без заштита, а имал можност да набави одредени вакцини ќе понесе одговрност, министерот го избегна одговорот.

Според објавениот план штом стигнат вакцините во Македонија, дневно ќе се вакцинираат од 2000 до 2500 граѓани. Први за вакцинцинација се возразнисте и здравствените работници од ковид центрите.  Во втората фаза здравствените работници со умерен ризик, вработени во витални институции, лица над 65 години и помлади ако имаат коморбитети и во третата фаза ќе се вакцинираат сите други што сакаат.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста