„Здравје, а не провизија“ – масовен приотест на ВМРО-ДПМНЕ пред министерството за здравство

Скопје остана празно бидејќи многу граѓани заминаа за Белград за да се вакцинираат, зашто оваа власт повеќе ја интересираат провизии отколку здравјето на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМЕ кои излегоа на протест пред Министерството за здравство, разочарани од неоговорноста на власта.

На протестот, под мотото „Здравје, а не провизија“ учесниците уште еднаш побараа оставка од министерот Венко Вилипче, кој до сега не успеа да набави вакцини против Ковид-19 за имунизација на населението. Поради неспособноста на власта, велат, Македонија се најде во првите места во светот по починати од Корона. Велат мора да има одговорност.

  • Денес имаме 123.000 болни, 3.600 починати. Корона вирусот, Зоран Заев и неговиот министер за болeст Венко Филипче, се имињата на тешкиот товар кој и застанал на градите на татковината и не и дава да дише. Нивната епска неспособност, леснотијата со која газат по човечките животи и игнорирањето на илјадниците заболени во македонските болници, ја вброија Република Македонија во првите места на починати по глава на жител во светски рамки. Катастрофалните политики на Заев и Венко Филипче, ние македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, ги плаќаме со триесеттина човечки животи дневно. Нивната мизерна улога во нашето македонско секојдневие , деноноќно се мери во десетици пресни гробови на секаде низ Македонија. Одговорност нема бидејќи совеста како категорија, не е составен дел од овие опскурни фигури на тажната македонска реалност. Во земјава од оние кои ги плаќаме за тоа не е донесена ниту една единствена вакцина, а во способноста за масовна имунизација никој и не верува. Заевистан е меѓу единствените земји во светот во кои имунизацијата воопшто не започнала, рече Рашела Мизрахи.
  • После година дена битка со КОВИД-19, можам да заклучам дека државата е во тотален хаос поради оваа власт, како економски така и во здравствен хаос. Влеговме во оваа битка директно изложени заедно со колегите без доволно опрема и без она што треба да претставува масовно тестирање, за после година дена да имаме буквално распад или на неспроведување на она што е за нас најпотребно во овој момент, а тоа е масовната имунизација. А, која што во моментов не само во светот туку и кај нашите соседи се одвива со убрзано темпо и е во напредна фаза, рече Кирил Пецаков.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во Македонија ваква смртност немало од Втората Светска војна, и не било нормално да имаме по 30-тина смртни случаи на ден. Владимир Ѓорчев посочи дека 1.200 починати само во Скопје било повеќе од скопскиот катастрофален земјотрес.

  • Денеска во Македонија додека зборуваме во моментов се подготвуваат 33 погреби, денеска 33 семејства ќе ги испратат своите најмили и веќе никогаш да не ги видат, ќе молчиме затоа што власта не се ни дрзнува во собрание да молчи за починатите свои сограѓани, минута молк затоа што болката е голема и затоа што мртвите се премногу, а неспособноста е ужасна, не е нормално да умираат по 30 луѓе дневно и никому ништо, остро критикуваше Владимир Ѓорчев.

Ѓорчев вели дека во Македонија не се умирало вака од Втората Светска војна, и не е нормално да имаме по 30-тина смртни случаи секој ден, Македонија буквално умира, луѓето се борат за секој здив.

  • Ни рекоа „За Живот“ во Македонија, а државата е една голема гробница, ова ли е живот со 30 погреби дневно, Заевистан набавува вакцини преку сомнителни фирми, Заевистан во кој стотици одат во соседството да се вакцинираат, а државата е во петте најлоши држави по смртност во светот, Македонија има најмногу мртви луѓе во светот, а вакцини нема, порача Ѓорчев.
  • Денеска Скопје е празно а празно е бидејќи многу скопјани денеска не се во Скопје се во Белград. Во Белград се бидејќи нашата власт повеќе ја интересираше провизијата отколку здравјето и решија своето здравје да си го сочуваат во Белград. Да си бараат сами спас за вакцина. И токму затоа денеска границата кон Србија изгледаше вака драги присутни а од заевистичкиот режим не сакајќи народот да ја види ситуацијата на границата кон Србија ја исклучија камерата која што врши директен пренос од границата. Сакаат да живееме во мрак но на народот очите му се ширум отворени бидејќи му е јасно дека е оставен сам на себе, рече Владимир Нелоски.

Опозицијата уште еднаш итно побара одложување на пописот и ставање на сите капацитети на државата во борбата за справување со вирусот КОВИД 19, зашто државата нема капацитет тоа да го направи. Велат дека сме биле најлоши на Балканот без набавена ниту една вакцина, додека само во Србија се вакцинираат дневно по 40.000 луѓе.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста