„Здрава котлина“ : Легална кражба на минералното богатство –  Да се зголеми висината на  концесиите за рудниците

„Здрава котлина“ : Легална кражба на минералното богатство –  Да се зголеми висината на  концесиите за рудниците

Во Македонија се случува легална кражба на минералното богатство, а нема механизми за контрола реагираат познавачите. Извештајот на ДЗР во кој се покажа дека за четири години државата наплатила само 45 милиони евра од концесија за доделување на површини за експлоатација на руда, а концесионерите заработуваат дебело, отвора голема врата за корупција.

Ова е само ефект на она што се случува со години кај нас, а тоа е кражба, легална пљачка на нашето минерално богатство што кажува ова, ако за толку години е земено само 45 милиони евра, исто приходите  на сите тие големи корпорации се над стотици милиони значи си го даваме нашето за без пари, значи постои шанса поголема за корупција, вели Ѓорѓи Танушев

Според Танушев треба да се покачат концесиите, за кои и ревизорите утврдија дека се на ниско ниво и не се правични во однос на профитот што го остваруваат концесионерите. Упатените сметаат дека  треба да се зајакане законодавството за да се воспостави ред и да се знае кој профитира и дали соодветно се наплаќа. Она што го утврди и ревизија е дека моменталните мерки и активности со кои располагаат надлежните институции не можат да обезбедат сигурност за навремена наплата.

Прво ќе ги погледнеме кои се стапките во другите земји, не може во една Африка да има поголеми стапки, а кај нас да го даваме за 2 отсто, тоа го има и во извештаите на Светска Банка / практично се нема контрола на ништо, ниту се знае кој колку ископал и што имало внатре и колку е извезено и да ли е соодветно наплатено , бидејќи никој нема да седне да направи контрола царинска макар, и имајте предвид дека нашата земја има висока корупција, а уште пострашно е дека немаме инструменти, вели Танушев.

Македонија  во период од 2018-2022 година наплатила само 1,7 милиони евра од експолатација на најквалитетниот мермер,  што значи профитот е буквално само еден процент од приходите од продажбата кој ги остварил концесионерот.  До 2022 година државата издала 348 концесии на 257 концесионери што е дури една третина од државата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus (0 )