Завршува годинешниот 23. Скопје филм фестивал

Со проекција на филмовите од програмите Светски филм и 100-годишнина од раѓањето на Федерико Фелини, вечерва завршува 23-то издание на Скопје филм фестивал.

Програмата ја затвораат британскиот филм „Фани Лај“ (2019) и култното ремек-дело на Фелини „Осум и пол“ (1963).

Скопје филм фестивал, на 23-тото издание понуди повеќе од дваесет играни и документарни филмови поделени во три програми: Панорама на светски филм, Денови на квир кино и Ретроспективна програма на филмови од Федерико Фелини во соработка со Кинотека на Северна Македонија.

Фестивалот во рамки на својата годинешна програма ја одбележа и стогодишнината од раѓањето на книжевникот, филмски сценарист и режисер, Славко Јаневски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста