Завршни зборови на одбраната: Ако Ристовски и Јанакиески не комуницирале на 27-ми април, како тогаш организирале

Како може исказот на Нинџа, а не доказите да бидат темел на обвинителниот акт за „27 април“, праша одбраната нa екс министерот за образование и наука, Спиро Ристовски во завршните зборови на обвинитете за „Настаните на 27ми април 2017 година“.

Адвокатот на Ристовски тврди дека Александар Василевски Нинџа, кој е единствениот доказ и сведок на Обвинителството,  лажел за две значајни работи: дека во критичниот ден се слушнал со Ристовски а и дека подоцна го видел во партиската зграда.

Што е тоа што било започнато на 27.4, пред и потоа. Немаше ништо загрозено,ниту пак било планирано да се прогласи вонредна состоја што потврди и поранешниот претседател Иванов. На Ристовски и на Јанакиески им се става на терет дека ги организирале протестите со цел да се спречи изборот на претседател на Собранието и давсле насоки во кој град да има протести – објасни адвокатот Ристeвски.

Адвокатот Ристески исказот на сведокот Нинџа го нарече некредибилен и рече, судот нека одлучи на кој треба да му се верува. 

Обвинителството нема никаков доказ за некаков план за ” 27 април” бидејќи немаше план, наглсаси во завршните зборови за собраниските случувања Спиро Ристовски .

-Неспорно е дека докажав оти не го сторив делото за кое се теретам-додаде Ристовски. Со Никола Бошковски и Владимир Атанасовски никогаш немав комуникација. Со Никола Груевски имав само службена комуникација нп по  последен пат на 22.4. Со Трајко Вељаноски имав комуникација но за сосема друга работа, за инспекција во Штуловиот универзитет-објасни Ристовски.

Екс министерот пред судот тврдеше дека сведокот на обвинителството, Василевски, дал три различни изјави за тоа каде и со кого го видел Ристовски на 27 ми парил.

На претходното рочиште, завршниот збор го даде Трајко Велјановски и неговиот адвокат, според кои, обвинителството не успеало да ги докаже делата со кои го товарат екс спикерот и побараа ослободителна пресуда за сите обвинети.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста