Завршија градежните работи во прилепската гимназија, второто полугодие почнува со физичко присуство

Завршија градежните работи во прилепската Гимназија, второто полугодие ќе започнесо физички присуство на учениците –

Во невообичаени услови, со исклучиво присуство на највисокиот партиски врв на локалните социјал-демократи и само на директорите на училиштата од истата партија, а без ниту еден претставник од актулената локална власт и без градоначалникот Борче Јовчески, новиот премиер Димитар Ковачевски, денеска го означи крајот на градежните работи во прилепската Гимназија „Мирче Ацев“, а кои се изведуваа во последниве шест месеци. Второто полугодие, за разлика од првото, и прилепските гиманзијалци ќе го започнат со физичко присуство.

Во оваа година и во претходните две години во Гимназијата е инвестирано она што не се инвестирало во претходните 40 и кусур, педесет години. Оваа година се реновира фасадата, по сите енергетски правила и прописи, се реновира дограмата, се реновира дел од подрумскиот простор каде што се добиени четири нови простории и кои што ќе придонесат за унапредување на кабинетската настава. Исто така, за прв пат во Гимназијата се поставени санитарни јазли за ученици со посебни потреби, лифт за ученици со посебни потреби и платформа за ученици со посебни потреби“, – рече Димче Настески, директор на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп.

За строго пaртиската селекцијата во изборот на гостите, реагираа и од ЛС. Според нив, реконструкцијата на Гимназијата била направена со народни пари и недозволиво било ваквите настани да имаат предзнак на партиски собиранки.

Зошто градоначалникот беше поканет како гостин на нешто што требаше да прусуствува како градоначалник ?! Градоначалникот требаше да присуствува таму како домаќин затоа што Општинското училиште – Гимназијата е нешто што спаѓа во локалната власт и градоначалник како градоначалник на сите граѓани, нормално и на општина Прилеп, требаше и мораше да присуствува таму на поинаков начин. Организацијата од нивна страна претставуваше некоја партиска собиранка во која што ние не бевме вклучени“, изјави портпаролот на ЛС Прилеп, Влатко Петкоски.

Инаку, освен Гимназијата, премиерот Ковачевски и новиот министер за образование, Jетон Шаќири, го посетија и ООУ „Кире Гаврилоски“, каде исто така се вршеа извесни реконструктивни зафати.

Каролина Дурло

Advertisements