Заврши ли опуштеноста на тетовските власти, надлежните дури сега се мобилизираат за состојбата со коронавирусот

Заврши ли опуштеноста на тетовските власти, со оглед на тоа што после повеќе од два месеца обиди, радоначалничката Теута Арифи денеска конечно се сретна со новинарите.Изминатиот период  ниту имаше редовни кризни штабови,ниту можеше да се земе изјава од неа.Се информиравме буквално само од социјалните мрежи. Така било, оти состојбата досега не била алармантна, а бројот на заболени бил мал, се правда Арифи. Сега бројките биле драматични, па повеќе ќе се мобилизирале, а се размислувало дури и за порадикални мерки.

Транспарентноста на надлежните во Тетово од почетокот на пандемијата е на многу ниско ниво. Информации за состојбата со вирусот едвај се обезбедуваат, дали од општината или од некоја здравствена установа.И денеска за болничките капацитети немаше кој да ни даде точни и јасни информации, колку пациенти се хоспитализирани, има ли доволно кревети и дали се размислува за приспособување и на други одделенија за ковид дијагностицирани.На наше барање, и ова ни беше ветено дека ќе се реши. Тетово е еден од регионите со висок ризик и широка трансмисија на заразата па и повеќе од потребно е да се добиваат точни и навремени информации.

Милена Вучевска Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста