Заврши групната фаза, познати осминафиналните двојки на ЕП

Синоќа се одиграа последните натпревари во групната фаза на Европското првенство, по кои стана позната разврската во првата нокаут фаза, која почнува в сабота. Во Амстердам, Велс се среќава со Данска, а во Лондон, Италија на мегдан со Австрија. В недела во Будимпешта играат Холандија-Чешка, а во Севиља се игра првото големо дерби Белгија-Португалија. В понеделник во Копенхаген,  Хрватска против Шпанија, а во Букурешт, Франција против Швајцарија. И во вторник последните две, во Лондон најзвучната осминафинална пресметка меѓу Англија и Германија, а потоа во Глазгов последниот четвртфиналист ќе го даде дуелот на Шведска и Украина.