ЗАВРШИ ЕРАТА НА ВАСИЛ ТУПУРКОВСКИ ВО МОК – ДАНИЕЛ ДИМЕВСКИ „НА МУСКУЛИ“ СТАНА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Поранешниот прв човек на МКФ, Даниел Димевски е избран за нов претседател на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК). Во игра за истата функција беше и актуелната претседателка на македонската атлетска федерација, Александра Војнеска-Зикова, но таа заедно со своите поддржувачи предвреме го напушти Собранието, па крајниот избор беше речиси акламативен. Со 30 гласа наспроти еден и едно неважечко ливче, Димевски го презеде престолот од Васил Тупурковски, кој, пак стана почесен претседател со оглед на своето 28 годишно владеење. Сепак, реалната слика за време на Собранието, ни малку е за пофалба и почит. Тензичната атмосфера и препукувањата меѓу двете страни е резултат дека не случајно македонскиот олимписки спорт е на самото дно, и прашање е дали во наредните три децении нешто ќе се смени, ако одиме по народната – денот по утрото се познава!

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста