Заврши 11. Школа за млади лидери на поранешниот Претседател Иванов

Вчера заврши 11. Школа за млади лидери на поранешниот Претседател Иванов, која по прв пат се организираше онлајн. Школата се одржа во периодот од 5-20 декември 2020 година на темата „Лидерството во услови на глобални кризи“.11. Школа за млади лидери имаше четириесет учесници од Република Македонија и од странство, кои имаа прилика да слушаат предавања од петнаесет предавачи, исто така, од земјата и од странство.На свеченото отворање на Школата на 5 декември, покрај претседателот Иванов, своја порака до учесниците испратија Премиерот на Република Словенија, Јанез Јанша, и поранешниот Претседател на Чешка Република 2003-2013, Вацлав Клаус, а свое предавање одржа и проф. д-р Исмаил Серагелдин, ко-претседавач на Меѓународниот вентар Низами Ганџави и основачки директор на новата Александриска библиотека.Потоа, следеа предавањата на Сани Шенер, Главен извршен директор и Претседател на Бордот на директори на ТАВ Аеродроми; Макс Сонг, специјалист за податоци и градење на инвестициски можности и Главен извршен директор на Карбонбејз; Данит Гал од Центарот за иднина на разузнавањето Леверхулм на Универзитетот Кембриџ; Кордел Картер, Извршен директор на програмата Сократ на Институтот Аспен; Рза Алијев, Менаџер за развојни политики и имплементација, Бритиш Петролеум; г-ѓа Симона Чаминска, Национален координатор на Глобалната недела на претприемништвото; Данела Арсовска, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија; Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието на Република Македонија. Учесниците на Школата имаа можност да проследат и две онлајн обуки и активности кои беа организирани од Зоран Костовски, директор на компанијата за деловна едукација, за менаџмент консалтинг, образование и обуки „Мотива“.Вчера, 20 декември 2020 година, на последниот ден на Школата за млади лидери, Амани Бен Лакдар од компанијата за виртуелна едукација Солија ги презентираше можностите и предностите на виртуелното образование и обука, по што следеше презентацијата и панел дискусија организирана од ИСЛАА – Алумни Асоцијацијата на Иванов Школа за млади лидери, односно претседателката на ИСЛАА, Катерина Климовска, придружувана од неколку поранешни учесници на школата.Исто така, вчера пред учесниците се обрати и Бајбарс Алтунтас, Извршен директор на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели, партнер организација на Глобалното партнерство за финансиска инклузија Г20, кој зборуваше за ефектите на пандемијата врз стартап и бизнис компаниите. Во 2018 година, Школата за млади лидери е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година токму од страна на овој престижен форум.На крајот на Школата за млади лидери се обрати претседателот Иванов, кој заблагодарувајќи се до сите учесници, предавачи, ко-организатори на Школата и гости, го истакна задоволството од сите кои дадоа придонес за реализација за првата онлајн Школа за млади лидери. На младите учесници им даде совети како да напредуваат на професионален, но и на личен план. Им посака на сите учесници да ја почувствуваат моќта на успехот, да знаат да се носат со неа, да ја трошат и посветуваат својата енергија на позитивни мисли и да се опкружуваат со иновативни и креативни успешни луѓе. Барајте го невозможното, работете сонот да ви стане јаве, им порача претседателот Иванов на младите лидери.Школата за млади лидери е лична иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов која започна на почетокот на неговиот прв мандат. Во текот на досегашните 11 обуки, учествуваа околу 440 млади луѓе од целата земја и од странство, со различен академски и професионален фокус. Пред единаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери, предавања одржаа 220 реномирани предавачи од Република Македонија и од странство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста