Затвореник одбиен да биде пуштен во затворот во Тетово на дослужување на затворската казна

Затвореник одбиен да биде пуштен во затворот во Тетово на дослужување на затворската казна

Со ампутирана нога, 41-но годишниот Дарко Марковски дошол два дена порано пред да му истече прекинот на затворската казна, но од тетовскиот затвор го вратиле назад. Осуденикот кој со месеци преживува патешествие во Градската болница во Скопје, за Алфа сведочи, дека не го примиле во затворот, не само заради тоа што се вратил два дена порано, туку затоа што немале услови каде да го чуваат.

Пред месец и половина во Скопје му е ампутирна ногата, па затоа од затворот од Тетово имал решение за прекин на казната до 25 април.

Како што појаснува, во април сестра му со зетот од болницата во Скопје го земаат и го негуваат дома. Кон крајот на април го носат во затворот, но бадијала бидејќи оттаму му рекле да си седи дома се додека не оздрави иако има за издружување  казна затвор од уште една година и 8 месеци.

Освен сведочењето на Марковски, заменичката на директорот на затворот во Тетово Сузана Костоска  во телефонски разговор за Алфа потврди дека тој се вратил два дена порано од рокот и затоа не го примиле.

Оттогаш се поминати повеќе од 40 дена и осуденикот Марковски кој лежи за разбојништво не се знае каков статус има.  Апсурдот е уште поголем што тој вчера беше повторно опериран на местото во Градската болница во Скопје.

Марковски е осуден на 7 години и 8 месеци за разбојништво и кражба. Тој во Идризово ги одлежува 6 години, но бидејќи кај надлежните пријавил корупција и закани од командирите по сториите коишто Алфа ги објавуваше, тој е префрлен во тетовскиот затвор поради безбедносни причини.

Според неговото раскажуавње таму неколку месеци се жали на болки, па конечно во март е однесен на болничко лекување и по неколку дена завршил со ампутирана нога.

Тој очекува по болничкото лекување институциите д преземат одговорност за неговото сместување.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста