Алфа сторија: Затворени сите врати во велешките основни училишта за наставничката Даниела Тумбова

Партиската директива, поважна од квалитетот и способноста – наставничката Даниела Тумбова повеќе од една година преживува голгота во борбата да се вработи како одделенски наставник во некое од основните училишта во Велес. Секое аплицирање на конкурсите е безуспешно, иако меѓу пријавените кандидати најчесто е со најголемо искуство. Единствено на што наидува е затворени врати и разни оправдувања од директорите на училиштата. Тумбова за Алфа отворено раскажува за напревдата која ја доживува од страна на раководните лица во училиштата ширум градот.

“Овој Септември и овој месец Октомври ги поминав сите училишта на сите интервјуа бев.  Дури во некој бев и два пати. Интересни одоговри ми дадоа директорите “Даниела благодарам што се прошета.Друг ми рече: Знаеш како е Даниела – ветерот кај дува ние сите се вртиме, не можеме да не послушаме.” изјави за Алфа Даниела Тумбова.

Сомнежите големи, разочарувањата многубројни.

“Имав ситуација каде што во едно училиште имаа пројавено потреба од седум одделенски наставници и се појавивме точно седум, и тогаш си дадов шанса дека ќе ме примат, потоа два дена немаше резултати и после два дена дознавме дека тие две места се повлечени и примија само пет пак да не бидам примена јас.” – вели Тумбова.

Убедена е дека клучот за вработување е само партиската книшка.

“Си ја сакам работата.  Меѓутоа професионалноста и квалитетот кај нас не доаѓаат до израз. Ја гледам државава како некоја партија која што навистина или си член на партија или ако не си член како да не си државјанин на оваа Република.”вели наставничката.

Тумбова безброј пати се обидела да стапи во контакт и со министерката за образование Царовска, но безуспешно. Бара да биде сослушана и да добие можност да ја исправи неправдата која и е нанесена.

Инаку, Тумбова по пет години работење како наставник по одделенска настава во тогашното ОУ Хаџи Константинов Џинот,  минатиот септември доби отказ од в-д директорот на училиштето, со образложение дека две училишта се спојуваат во едно и оти нема потреба од неа. Таа се сомнева дека отказот има политичка позадина.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста