Застрелан полицаец во Велес, заврши на Клинички во Скопје

Полицаец од работа заврши на Клинички во Скопје, полицаец утринава застрелан во Велес. 46 годишниот Е.М. додека бил на службена должност го нападнале четири лица, од кое едното му го одзел службениот пиштол и неофицијално кон него испукал пет куршуми. Случајот за Алфа телевизија го потврдија од МВР, велат три од четирите лица се приведени.

-На 02.02.2020 околу 10 часот и 15 минути пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, полициски службеници при преземање на службени дејства  биле физички нападнати од четири лица. Едно од нив на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзело службениот пиштол и  пукало кон него. Е.М. бил префрлен во здравствена установа во Скопје за укажување на лекарска помош. Тројца од напаѓачите се приведени во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Алфа.

По вооружениот инцидент полицаец бил пренесен на Ургентен во Скопје, од каде за Алфа велат дека бил примен во стабилна состојба. Доктор Алберт Леши вели за понатамошни испитувања полицискиот службеник бил испратен на Клиниката за дигестивна хирургија.

-Денеска во Ургентниот клинички центар е донесен пациент со прострелни рани во пределот на абдоменот. Пациентот на прием, свесен, контактибилен, стабилен беше и е пренесен на Клиниката за дигестивна хирургија за понатамошни испитувања, вели за Алфа доктор Леши.

Ова е прв инцидент во текот на оваа година каде на службена должност е застрелан полициски службеник.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста