Засладете се со крофни: Ова е најлесниот и највкусниот рецепт

Како и да ги правите крофните, тие секогаш знаат да бидат многу вкусни, но не и совршени.
Токму со овој рецепт ќе успеете сами дома да ги направите и највкусните и најсовршените крофни.
Потребни ви се следните состојки:
- 2 јајца
- 5 лажици шеќер
- 250 мл млеко
- 1 прашок за пециво
- 600 гр брашно
- 6 лажици јогурт
- масло за пржење
- шеќер во прав
Начин на подготовка: Со миксер се матат јајцата со шеќерот, па се додава млекото и сè убаво се соединува со миксерот. Се додава постепено и брашното со прашокот за пециво, па на крајот и јогуртот.
Тестото дополнително ќе го замесите на работна површина, па се става врз малку брашно. Ќе биде меко, но тоа не треба да ве загрижува бидејќи ако е тврдо, крофните ќе бидат тврди по печењето.
Се развлекува малку тестото, па се формираат крофни кои се пржат во тава со врело масло.-Откако ќе бидат испржени, ставете ги на салфета да го впие маслото, па потоа одозгора наросете им шеќер во прав.
Уживајте!