Засилени сообраќајни контроли во Штип: 114 санкционирани возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.09.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Штип. Притоа изречени се вкупно 114 санкции, меѓу кои, 21 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 20 за возење без возачка дозвола, санкционирани се 19 мотоциклисти, изготвени се четири барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица, а изречени се и 12 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста