Засилени сообраќајни контроли во Охрид: 149 санкционирани возачи, 40 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Охрид. Притоа изречени се вкупно 149 санкции, меѓу кои 40 за пречекорена брзина на движење, 14 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 8 за возење без возачка дозвола, а санкционирани се и 14 мотоциклисти. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.