Засилени сообраќајни контроли во Гостивар: 101 санкционирани возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.09.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Гостивар. Притоа изречени се вкупно 101 санкции, меѓу кои, 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 17 за возење без возачка дозвола, а изречени се и 10 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста