Засилени сообраќајни контроли – казнети стотици возачи – воведување ред или полнење буџет?

МВР удри по џебот на возачите. Само викендов биле казнети над 840 – за брзо возење, за седнување зад волан под дејство на аллкохол, за непропуштање пешачи, како и за зборување на телефон и ненесење појас.

Возачите и пешаците со спротивставени ставови. За едните казните се превисоки, за вторите прениски.

Ноќеска биле казнети 129 луѓе кои возеле во алкохолизирана состојба – 23 биле во Скопје, 17 во Тетово, 15 во Струмица…

Во исто време биле казнети и 247 луѓе поради пребрзо возење. Од нив 17 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Во петокот бил казнет возач на автомобил кој се движел со дури 165 километри на час над дозволеното, на автопат.

Од МВР велат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта
-велат од МВР.

Казните за возење над дозволената брзина се движат од 10 до 400 евра и одземање на возачката дозвола од 6 месеци до една година. Глобите за зборување на мобилен телефон се по 40 евра, исто толку што се и за неносење сигурносен појас. Не пропуштањето на пешаци на премин чини 200 евра. Пред неколку години беа укинати и казнените поени, па сега секој прекршок директно значи и парична глоба.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста