Засега никој официјално не бара одговорност од СЈО за незаконските 4,6 милиони евра делени како додаток
Засега никој нема да сноси одговорност за незаконските исплати на бонуси кои чинат 4.6 милиони евра пари на граѓаните во веќе згаснатото СЈО.
Ревизијата која беше направена по барање на обвинителството со кое раководи Русковска, покажа дека обвинителите кои работеле со класифицирани предмети добивале плус пари на своите сметки. Сепак обвинителката не сакаше да го коментира извештајот, а на прашање дали ќе биде покренато обвинение за овие пари, рече ќе почекале уште еден извештај.
Баснословните суми кои си ги делеле обвинителите ја разбрануваа јавноста, покрај тоа, во фокусот е и забелешката на екс шефицата на СЈО, Јанева.
„4 години немаше проблем со исплатата, а се појави дури сега по гаснење на СЈО, тврди Јанева во дописот
Шефицата на СЈО која е осудена на 7 години затвор за случајот Рекет, вели не ги прифаќала ревоизорските извештаи, но топката ја префрли и кај другите институции кои дозволувале да пројдат нивните плати.
„Дали треба да се вклучат двата состави на влади и четирите министри за финансии кои го одобрувале буџетот и исплатите на СЈО, без каква било забелешка?“, прашува Јанева.
За надоместоците на специјалните обвинители предмет отвори и државната комисија за спречување на корупција, оти тие не ги пријавиле дополнителните надоместоци. Антикорупциска им одредила прекршочна казна и им биле издадени налози на обвинителите да ја платата казната, но тие не ја платиле оти, како што вели претседателката на ДКСК, Ивановска не прифаќање дека сториле прекршок. Предметот е се уште во антикорупциска, но во прекршочната комисија.
Инаку дел од обвинителите кои земале пари на незаконит начин сега се вратени во матичните обвинителства од каде доаѓаат, но несомнено е дека некои од нив ќе аплицираат и во новото обвинителство за гонење на висок криминал и корупција.
Мери Ѓорѓиевска