Одложени неколку екстрадиции од Германија на затвореници кои требалo да бидат вратени во Македонија,  вели за Алфа, Есад Рахиќ, директор на затворот во Шутка. Посетите во затворите речиси и се забранети, односно се сведени на минимум заради превенција од пренесување на вирусот во казнено поправните домови.

Но што со новите притвореници или затвореници кои допрва треба да бидат промени во затворите? Рахиќ вели тие имаат обезбедено посебни простории каде би биле примени евентуално новите лица кои ќе пристигнат во казнено поправните институции.

Затворските власти тврдат дека келиите и останатите простории се дезинфицираат по три пати на ден, а средства за дезинфекција како гелови и алкохол имало иако тешко се наоѓаат. Чуварите се заштитени со маски и ракавици, но сепак Рахиќ вели дека сите мора да се придржуваат на мерките кои се дадени од Владата.

Вчера адвокат истакна дека во затворите имало болни од корона вирусот, а доктори не доаѓале да ги прегледаат, од Управата за извршување на санкции за Алфа велат дека овие информации се лажни вести.

Meри Ѓорѓиевска