Заразата се шири меѓу медицинските лица во струшко, во Охрид позитивна и родилка

Заразата се шири меѓу медицинските лица во струшко. По само една недела откако кронавирусот беше дијагностициран кај матичен лекар од Лабуништа, регистриран е уште еден случај на заболен здравствен работник од овој регион. Станува збор за медицинска сестра од интерното одделение во струшката општа болница, каде што првично се носат лица со сомптоми на опасниот вирус.

Иако дури 6 медицински сестри и еден доктор се во изолација, директорот на болницата вели дека интерното одделение  функционира. Другиот дел од персоналот е со низок ризик и продолжува со работа, додава Асани.

Во струшката болница првично се носат пациенти со симптоми на опасниот вирус од селските средини, жаришта на ковид-19, меѓу нив има и родилки. До сега се земени брисени на 40 родилки, кај некои од нив е дијагностицирана заразата.

Поради брзото ширење на вирусот Кризниот штаб на Општина Охрид побара од Владата да ја разгледа можноста за воведување на забрана за влез на жители од други општини.

Инаку во Охрид после долго време, дијагностициран е 4 случај на заболен. Станува збор за жена на 30 годишна возраст која се породила во приватна клиника во Битола. Нејзиното прво чедо е во добра здравствена состојба и е негативно на вирусот.

 

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста