Заради тесните партиско-политички и бизнис релации на првите луѓе во ДФРМ државата не ги „чепкала“

Заради тесните партиско-политички и бизнис релации на првите луѓе во ДФРМ државата не ги „чепкала“

Агенцијата за филм, која ја тресат дузина криминални афери, со години е заложник на една шака луѓе кои се поврзуваат со Друштвото на филмски работници. Државата не преземаше ништо, бидејќи зад првите луѓе на ДФРМ и Агенцијата за филм стоеше партијата на власт – вели филмската критичарка Суничица Уневска, по серијата истражувачки прилози на ТВ Алфа, кои ги разоткрија крминалните шеми во македонската филмска индустрија.

  • „Агенција zа филм е во залог на една шака луѓе од ДФРМ. И на тоа стојам и денеска. Иститие тие си отвораа се повеќе и повеќе нови продуцентски куќи. Истите луѓе, со други имиња. Навистина, не може да им го фатите крајот. Иститие тие луѓе, буквално се богови, затоа што добиваат огромна… Кај нас е најважно да имаш политичка поддршка. Они се тие што одлучуваат кој ќе добие, кој нема да добие.“ – Вели филмската критичарка Сунчица Уневска.

Филмската критичарка Уневска вели дека им а безброј примери на македонски филмски работници, кои се исселуваат во странство, само поради дискриминацијата и селективноста кога станува збор за додлеување на поддршка од државата.

Таа додава дека тесните партиско-политички и бизнис релации на првите луѓе на ДФРМ, Игор Иванов Изи и Томи Салковски, со претходната власт на СДСМ и ДУИ правело да не ги стига законот, односно никој да не може да им се спротистави, затоа што институциите стоеле зад нив.

  • Кога јас прашувам како е можно да не реагираат филмските работници, тие самите велат дека не можат да реагираат, за тоа што овие челници на ДФРМ, нема да им дозволат да работат, бидејќи тие се оние што одлучуваат за се“ – Додава Уневска.

Дека Иванов и Салковски биле исклучително блиски со претходната власт, не се само индициите оти им било дозволено да ја киднапираат Агенцијата за филм. Покрај парите кои што ги испумпувале од филмскиот фонд, Владата редовно им доделувала и дебели тендери. Тие важат и за блиски пријатели со тогашниот генерален секретар на Социјал-демократскиот сојуз, Миле Зечевиќ. Додека пак татко на Игор Иванов – Изи, е Зоран Иванов –  поранешен советник за односи со јавноста во кабинетот на Бранко Црвенковски. Истите овие луѓе, неодамна ги повикаа институциите да расчистат со криминалите во филмската индустрија, но, се поверојатно е дека и тие ќе се најдат под лупата на истражните органи.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста