Експерти: Запустениот енергетски систем е причина за „вообичаениот дефект“ што остави дел од Македонија во мрак

Пожарот кој што изби во трафостаницата во скопска Пинтија и ги остави скопјани и жителите од централна и источна Македонија во мрак, е кулминација на претходните проблеми кои со години се провлекуваат во македонскиот енергертски систем, велат експетите. Според нив, и двата спроведувачи на струја, МЕПСО и ЕВН, треба да водат поголема грижа за своите системи, а предлагаат и да биде формирано тело кое би ги контролирало.

Искрењето кое што настанало од трансфоматорите или далкуводот за да ја запали таа трева значи имало преотеретување на мрежата, значи тоа навистина можеби се случило во Бунарџик или на друго место, бидејќи се работи за висок напон.. МЕПСО треба да се води грижа за нивната дистибутивна мрежавели Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика.

Познавачите алармираат дека ваквите испади во системот се резултат,  по се изгледа на ненавремената проверка на системите и пропустите кои се прават при нивното одржување. Велат дека тоа што нема надворешна контрола им овозможува да си доволуваат и чести грешки, а токму поради тоа неретко беа нефункционални и блоковите во РЕК Битола, кога државата беше длабоко навлезена во енергетската криза.  

На владата детално и го образложивме моментот кога ќе испадне дистрибутивната мрежа, дали на ЕВН или МЕПСО, они се виновни и за тоа да си сносат одговорност. Значи личната одговорност на испад, не смее да се исклучи. Затоа бараме од владата ЕВН да се врати на државата а БЕГ на Град Скопје- вели Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика.

Од друга страна првиот човек на МЕПСО тврди дека ова бил стандарден дефект кој се појавувал одвреме навреме.

-Според експертското мислење на службите, станува збор за дефект која се појавува одвреме навреме и минимални се шансите причина за дефектот да биде човечки фактор, бидејќи последиците можат да чинат човечки живот. Се работи за стандареден дефект кој се појавува одвреме на време – истакна Муртезани.

И премиерот уверува дека системите за заштита на МЕПСО биле сигурни и дека спречиле поголем проблем. 

-Како резултат на тоа се случило опожарување на сламата во околината при што веднаш реагирале системите за заштита на МЕПСО, кои се сложени системи што ги штитат трафостаниците кои практично ги напојуваат Скопје, Велес и дел од Овчеполието со електрична енергија, рече Ковачевски.

Инаку, вчерашниот пожар, според досегашните информации од МЕПСО, избил како резултат на испад на далекувод од трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија кон трафостаницата Бунарџик и пожарот кој настанал. Голем дел од главниот град, како и,  делови од Велес и Овчеполието имаа прекини  во електричната енергија во неколку наврати во трање од речиси еден час.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста