Започнува светиот месец рамазан, џамиите празни, молитвите од дома

Од денеска започнува Рамазан, најсветиот месец во исламот.Но, годинава, и ова одбележување ќе помине поинаку, поради светската пандемија со коронавирусот.Заеднички молитви по џамиите, ќе нема.А,ова тешко паѓа за секој верник, како и за овој тетовец,што го сретнавме во дворот на Шарената Џамија.Иљми Меџити, жали што годинава молитвите ќе бидат од дома,а вечерите без гости и роднини.Но, за доброто на сите, вели, мора да се почитуваат препораките.

За цело време на светиот месец, верниците постат од изгрејсонце до зајдисонце.Џамиите пак, за време на молитвите биле преполни.

На молитви од дома и почитување на препораките повика и поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи,кој пак, пред само десетина дена во телевизиско гостување, се закани дека ако Владата не и помогне на ИВЗ, ќе ја повлечат забраната за собира, па немало сила што ќе може да се бори со пандемијата.

По завршувањето на едномесечниот пост, се слави Бајрамот,кој се смета за еден од најголемите празници.Како и дали ќе се одбележи по примерот на Велигден , односно под полициски час,ќе се реши непосредно пред празнувањето.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста