Започнува со работа терминалот за течен природен гас во Александруполи од каде и Македонија ќе се снабдува со гас

Започнува со работа терминалот за течен природен гас во Александруполи од каде и Македонија ќе се снабдува со гас

Терминалот за течен природен гас во грчкиот град Aлександруполи започнува со комерцијална работа, преку кој низа земји од југоисточна и централна европа, меѓу кои и македонија ќе се снабдуваат со природен гас.

Од „Гастрејд„, компанијата-оператор велат дека станува збор за еден од наважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво и ќе придонесе за енергетската безбедност и развој, за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на југоисточна и централна Европа.

На крајот на март 2021 година, Македонија официјално стана дел од проектот за изградба на терминалот за течен природен гас, откако беа потпишани меморандуми за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Грција.

Тогашната македонска влада соопшти дека согласно договорот, нашата земја учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во Александруполи која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра и дека е предвидено учество и со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста