Започнува филмскиот фестивал на европски филм „Синедејс“, премиерата на филмот „Стела“ распродадена

Вечерва, во Градски парк, во 20 часот на отворено, со премиера на првиот македонски семеен детски филм „Стела“ на режисерот Стојан Вујичиќ во продукција на „Дрим фактори“ се отвора годинашното издание на Филмскиот фестивал на европски филм „Синедејс“. Премиерата е распродадена, информираат од Младинскиот културен центар (МКЦ), организатор на „Синедејс“, кој поради коронакризата наместо во ноември, првпат ќе се одржи во септември, на отворено.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста