Започна судењето за „Плацеви на Водно“

Обвинителството дури и со меѓународна помош ќе се обиде да докаже пред судот дека екс премиерот Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Орце Камчев и неговата мајка- Ратка Камчева како и Сашо Мијалков се виновни за случајот „Плацеви на Водно“ кој започна денеска.  Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“.  Додека останатите се товарат за „перење пари“, а  поранешниот директор на УБК, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“. Обвинителката Стефанова пред судот тврдеше дека поранешниот премиер го купил имотот, меѓу кој и плацевите на Водно, со партиски пари, а таму сакал да гради куќа во барок. Според обвинителството, побарал помош од Сашо Мијалков, а помагал и Ненад Јосифовиќ кој барал офшор фирма, која ќе може да се јави како купувач на земјиштето. Со доказите добиени преку меѓународна помош обивнителството ќе докажело дека Орка Холдинг испраќала пари на фирмата Сирах, а од тука, парите оделе на офшор компанија во Панама, чии  сопственици биле Камчев и Јосифовиќ. Овој имот, според обвинителството, се уште бил во сопственост на поранешниот премиер, а останатите обвинети го прикривале,

Обвинителството во својот воведен збор побара обвинетите да бидат прогласени за виновни за делата за кои се товарат, но адвокатите на одбараната не се согласуваат со обвинителката Стефанова.

„Треба да прашате врз што се темели обвинението. Зборувам  за Сашо Мијалков. Не може да ја докаже својата умисла дека некој друг незаконски стекнал пари, па да не му предложи оф-шор компанија. Дури нема ни правна, нема ни човечка логика. На еден поранешен министер за финансии и премиер не му е потребен некој на кој ќе му се понуди оф-шор компанија. Обвинението е буквално исконструирано за мојот клиент. Нема обезбедување докази за одбраната, бидејќи не сме ги слушнале ниту сведоците. Никој не знае што има во тие докази. Тие докази се доставени дури денес, но не се на јазикот на кој се зборува во Република Македонија“, рече Давидовиќ.

Еленко Миланов, кој е адвокат на Орце Камчев, тврди дека нема економски докази дека трансакциите се вршеле преку оф-шор компании за купување на овој имот.

„Ги пуштил како прв парите во промет, но не се исполнети законските докази. Трансакциите немаат економско вештачење. Сите средства во купување на овие удели се од деловното работење“, рече Миланов.

Адвокатот информираше дека бизнисменот Камчев, не може здравствено да ги издржи условите во притворот во Шуто Оризари, а до судот биле доставени потврди од институции експерти кои укажувале на висок ризик по неговото здравје поради условите во кои се наоѓа.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста