Започна исплатата на субвенциите за тутунот – некои од тутанарите се пожалија дека немало доволно пари во банките ?!

Тутунарите од Пелагонсикиот регион кои се и најбројни во земјава, утринава започнаа да ги подигаат парите од субвенциите за ланската реколта. Трпеливо чекајќи во долгите редици на дождот, велат дека овие пари, иако биле можеби малку задоцнети, сепак, колку-толку, ќе им биле добредојдени за престојната реколта. Меѓутоа, имаше и такви кои пред камерата на Алфа се пожалаа дека после 12 часот, во некои од банките повеќе немало пари, иако нивните имиња, според азбучен ред се наоѓале на денешниот список.

Раководителот на ПЕ на ресорното Министерство пак, Зоран Пачешкоски повика на трпение кај тутунопроизводителите.

Инаку, на име субвенции за ланскиот род, кои патем, требаше да бидат исплатени уште пред три недели, државата на македонските тутунопроизводители вкупно треба да им исплати 30 милиони евра. Од нив, над 14 милиони евра се наменети за тутунарите од Прилепско-пелагонсикиот регион.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста