Започна евтаназија на свињите во делчевско

Почна евтаназија на свињите во дел од фармите во близина на делчевкото с.Драмче. Поради африканската чума во радиус од три километри ќе се умртват околу стотина .. Угинатите животни ќе се закопуваат во специјален простор  близу градската депонија во Делчево. Истовремено ќе се врши строг надзор на фармите што се наоѓаат во радиус од 10километри.

  „Во останата надзорна зона којашто се протега во радиус од 10километри  исто така ќе се изврши депопулација. Тука свињите за коишто ќе се дијагностицира дека се во добра здравствена состојба, односно кај нив не е дијагностициран вирусот, ќе одат на економско искористување во кланиците„-изјави Никола Бабовски,директор на АХВ.

  „За секое грло коешто ќе биде уништено ќе бидат обештетени сопствениците на тие свињи„-изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.

Африканската свинска чума не е опасна за луѓето, но може да предизвика сериозни економски последици по свињарството. Протоколите наложуваат не само усмртување , туку и неколку месечна забрана за одгледување на свињи  во одгледувалиштата каде вирусот ќе биде детектиран.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста