Запленети четири рибарски мрежи кај Пештани

Четири рибарски мрежи со должина од по 50 метри и три рибарски мрежи со должина од по 100 метри, со вкупен улов од 100 парчиња риба охридска белвица и 19 парчиња риба грунец, заплени полицијата вчера наспроти селото Пештани, во близина на брегот на Охридското Езеро.

Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, акцијата била спроведена вчера, во периодот од 17.00 до 21.00 часот, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, заедно со претставници од Државниот инспекторат за земјоделство.

Риболовниот алат бил однесен во Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести