Запалено патничко возило во Скопје

На 15.07.2020 во 05.20 часот во СВР Скопје, Ф.И.(51) од с.Лака-Крушопек пријавил дека околу 04.00 часот забележал дека едно лице кое го посипало со запаливо средство и го запалило паркираното патничко возило џип „мерцедес МЛ 320 ЦДИ“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син Ј.И.(26) од с.Лака-Крушопек.

Пожарот бил изгаснат од сопствениците, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести