Жан Митрев одбележува две децении од првата операција на срце во Македонија

20 години постоење- 20 години успешна работа во областа на хирургијата. Денеска клиниката „Жан Митрев“ ги прославува бројните успешни операции изведени од рацете на д-р Жан Митрев.

Пред точно 20 години беа поставени темелите на успешната хирургија на која луѓето со сигурност ќе можат да се потпрат вели д-р Митрев.

„Постигнавме голем број операции, меѓутоа, многу позначајно е што го кренавме нивото на вредноста на живеењето. Тоа значи дека здравството како составен дел на нашиот живот го поставивме на такво ниво така што денес луѓето во Македонија имаат едно здравство, една институција на која може со сигурност да пристапат со највисоки стандарди во медицината, и тоа не во некоја друга држава, туку токму тука во Македонија“, изјави д-р Жан Митрев.

Клиниката започна да ја испишува историјата во македонското здравство на 1-ви март пред точно 20 години.. во тоа време новата ера на кардиоваскуларната хирургија настанува со првата успешна бајпас-операција.

Брои над три илјади операции за една година, околу 80.000 прегледи и интервенции. Осум пациенти живеат, без компликации, со вештачки срца, оперирани минатата година.

По повод 20-годишниот јубилеј, денеска во хотелот „Александар Палас“ се предвидени низа активности, одбележувањето ќе започне напладне со симпозиум „Развој на кардиоваскуларната хирургија во последните 20 години“, а во кој учество ќе земат врвни стручњаци од оваа област.

Жан Митрев е клиника која од 2017-та е дел од семејството најпрестижната организација за акредитација на болници во целиот свет.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста