Заминува Заев, за многумина најнесреќната политичка фигура во самостојна Македонија

Зоран Заев – поранешен премиер на Македонија, ова е титулата која од денеска ќе ја носи екс шефот на социјал-демократите кој по 4ипол години владеење заминува во историјата на македонската политика, но што остави зад себе?
Дојде на власт објавувајќи бомби од прислушувани разговори, вети разрешница, но за поголемиот дел од разговорите предметите се уште се заглавени во судските лавиринти.
Рече Тиранската платформа не посотела, иако веќе речиси 90 проценти од истата е реализирна.

  • Кој бре тоа ќе спроведе во Радовиш, Струмица, Прилеп, Кавадарци двојазичност, глупости невидени, до каде забегаа?

    Во времето кога владееше Заев се потпиша и договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, по потпишувањето Бојко Борисов му стана брат на Заев, а бугарите огромни пријатели кои ќе ни помогнеле кон ЕУ, но дали?
  • Како што Бугарија ја призна современата политичка реалност, сега е потребно Република Северна Македонија да ја признае историската реалност поврзана со процесот на создавање на новиот национален идентитет.
    А Заев велеше македонскиот идентитет е бетониран, Гоце Делчев е наш за него не преговараме, но нешто се премисли потоа.
  • Одличен мегдан е нашиот историски заеднички јунак Гоце Делчев.
    Но не се потпиша само договорот со Бугарија, Владата предводена од Заев потпиша и договор со Грција, и грците требаше да ни помогнат кон ЕУ, ама ние датум уште немаме. Заев ветуваше Уставот нема да се чепка, името нема да се смени.
  • Ви се обраќам јавно, отворено и чесно, зборувам пред сите и тврдам, да биде на чисто, нема да дозволам никој да го смени Уставот на Р. Македонија.
    Верувам дека не постои човек во Мкаедониај подготвен да излезе пред парламент и да бара промена на Устав заради промена на уставнто име.

    -Да живее Република Северна Македонија.
    Отстапки направивме мал милион , сменивме име, преговараме за историја, се менуваа учебници, се додаваат претставки пред името на банкнотите, се откажавме од употреба на топонимите, но датум за ЕУ не добивме, а премиерот дузина пати рече дека сме го добиле.

    -Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската унија. Историската грешка е исправена, нема веќе никакви пречки, ниту услови. Првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може.
    Скрининг процес почнува на 17 јули овде во Македонија. Тоа е доказ дека Македонија доби датум за преговори, доказ е дека Европскиот Совет никогаш повеќе нема да се навраќа да утврдува датум за преговори. Потоа Заев се сликаше во авион фалејки се дека пак добил датум.

    Неисполнетите ветувања за преговорите со Европската унија Заев си ги користеше и во предизборните кампањи. На пример на митингот во Шутка на 30 април 2019 година.
  • Прво во Шуто Оризари сакам да ја споделам убавата вест. Пред неколку часа се вратив од Берлин. Нашата заедничка земја конечно отвора поглавја, почнува да преговара.
    Премиерот во замунуање многу работи вети, но мал дел реализираше, вети преговори, но не ги добивме.
  • Ние почитичарите знаеме да лупаме по некој пат такви глупости.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста