Заменици министри за украс, каде се Жерновски и Наумовска?

Заменички министерски места заради квалитет или партиска заслуга? Каде се замениците министри за надворешни работи и образование во време кога се заканува бришење на македонскиот јазик,но и проблеми со наставата во време на пандемија?
Во април во преку медиумите беше соопштена веста дека не очекува евентуално вето од Бугарија доколку не се откажеме од македонското малцинство во Бугарија, но и повеќе да нема македонски јазик туку службен јазик на РСМ.
Заменик министерот Жерновски никаде го нема, освен по некое телевизиско излегување и фејсбук статуси каде инсистира на избори и брани партиски интереси.
Побаравме одговор од него што работи сега и зошто го нема, одговори неодредено дека секој ден одел на работа, работел на преговарачката марка итн…зошто нема изустено ниту збор за заканите за вето од Бугарија рече да се консултирал со службите на МНР па ќе ни даде изјава, но се уште одговор нема.
А ја видел ли некој заменик министерката за образование, знаеме дека се вика Елизабета Наумовска, но не слушнавме ниту збор од неа на пример за анализа како од септември во време на пандемија ќе се тера настава, што со оние кои немаат компјутери а камоли интернет за онлајн учење…? Ја побаравме на работа…На фиксниот телефон за односи со јавност на министерството никој не крена.
Последен пат ја видовме на фотографија во канцеларијата на градоначалникот на Аеродром, Марин, каде разговарале училиштето во градба Димитар Македонски. На прес конференција ја нема..

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста