Законот за заштита од заразни болести на 27 пред пратениците

Законот за заштита на населението од заразни болести на 27 октомври треба да се најде пред пратениците.Спикерот Џафери ден претходно на координација треба да се увери дека има согласност меѓу сите пратенички групи. Консензус не постоеше за 20 месецов кога требаше да се расправа. Претседателот на Собранието до 27 очекува на работа да бидат и тројцата пратеници позитивни на ковид-19 кои се во изолација.

ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија потврди дека ќе присуствува на седницата и ќе обезбеди кворум. Но пратениците од оваа партија ќе гласаат воздржано. И натаму сметаат дека предложениот закон не ги содржи сите неопходни мерки за заштита на граѓаните. Тие и натаму инсистираат на државна комисија за борба против ковид-19.

Филипче и СДСМ веќе го одбија предлогот на опозицијата. Според нив Комисијата за заразни болести добро си ја вршела работата. Социјалдемократите и денеска со став дека законските измени мора да се донесат.

Со измените во законот е предвидена забрана за собири на повеќе од четири лица по 22 :00 часот, забрана за големи семејни собири, а граѓаните ќе мора да носат маска и на отворено. 

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста