Законот за отпад сам по себе е недоволен за борба со загадувањето
Предлог законското решение за забрана за увоз на отпад, нема да ги реши проблемите со аерозагадувањето, законот како таков не е дефиниран и има доста недоречености кои мора да се решат во што е можен пократок период, алармираат од граѓанската иницијатива која се бори против загадувањето на воздухот.
„ Кога ќе се види законот има многу недоречености затоа што не е добро дефинирано што е опасен отпад, некаде стои само опасен, некаде само отпад, проблемот со отпадот е многу голем“, изјави Невена Георгиевска од граѓанската организација „О2
Активистката предупредува дека проблемот со увозот на отпад е поголем доколку земеме во предвид колку е нефункционален и искорумпиран системот за справување со отпадот.
Последниот случај со увозот на отпад од Италија и потврдата на царинската управа дека нема целосна и детална контрола на увозот, дополнително го вклучува алармот. Надлежните тврдат дека состојбата се следи и смируваат дека отпадот што се увезувал не бил опасен.
Во очекување на деталите од анализите кои пред неколку денови беа земени од камионите кои носеа отпад за скопска Цементарница, политичарот Павле Трајанов предупредува дека имал сознанија според кои во државава се увезувало и опасно масло од Германија.
„Деновиве има силни информации дека во нашата држава се увезува масло од за кое анализите на хрватските власти покажале дека е канцерогено, тоа што се внесува во нашата држава е клучно“, изјави Павле Трајанов-претсдедател на ДС.
Граѓанските организации предупредуваат дека се потребни итни мерки но и засилени контроли. Во петокот се одржа и протест на младите кои бараат во собранието итно да се донесе предлог законот со кој се предвидува забрана за увоз на отпад.
Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули уверува дека отпадот се конторлирал и кажа дека е против воведување забрани, но дека е потребна засилена контрола.
Симона Србиноска