Опозицијата предупредува, Заев по секоја цена сака да го изгласа законот за марихуана

Во собранието пристигнал законот за опојни дроги и супстанци кој треба да се гласа со европско знаменце, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека и овој пат како и претходно се злоупотребува европскиот предзнак, оти како што посочуваат овој закон кој на сила сака да до донесе власта нема никаква допирна точка со европската регулатива.

Заев по секоја цена со европско знаменце сака во Собранието да го изгласа Законот за марихуана.Предложен пред само неколку дена од страна на Владата, нормално од најверниот претставик кој го брани до крај криминалот на Зоран Заев и власта, Венко Филипче, како ресорен министер на министерството за здравство. По ниту едно поглавје, по ниту еден критериум и интерес на европското семејство и ЕУ не може да се стави овој закон за марихуана или канабис да биде изгласан со европско знаменце. Тоа е закон кој е единствено од интерес на нарко мафијата, односно на картелот Заеви кои ја предводат таа мафија, вели Арсовски.

Тоа е закон кој треба да го легализира она за кое што е уапсен шоферот на Трајче Заев и командирот на прилепската полиција кои беа уапсени за шверц на марихуана. Овој закон треба да го легализира тоа и овие луѓе да бидат на слобода, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Посочуваат дека тие се против ваквиот закон, и им порачуваат на пратениците од владејачкото мнозинство да размислат дали ќе гласаат за закон кој би бил само имструмент за лично богатење на Заев.

А праксата со носење на закони со европско знаменце не е нова процедура во Собранието, се повеќе се носат закони со sвездичка предзнак, велат дел од експертите. Така последно се донесе и законот за државјанство.

Сметам дека ова влијае во насока на натамошно намалување на контролната функција на Собранието во однос на Владата и јаоневозможува опозицијата да ги искористи сите капацитети кои и стојат на располагање во согласност со Уставот и деловникот.Причините за ваквите злоупотреби се многубројни, меѓутоа сметам дека тие се должат на слабото парламентарно мнозинство но и на огромната поларизација што постои меѓу партиите од власта и опозицијата, смета Спасеновски (22.07.2021)

За законите кои се најјактуелни овој период, европското знаменце дозволува време на дебата во Собранието само два дена.

Поврзани вести