Законот за обвинителство на комисиска расправа, власта се уште не пребројала 80 пратеници за поддршка?!

Опозицијата побара власта не дозволи симнување на точката за законот за јавно обвинитеѕлство од дневен ред поради прекршување на собранискиот Деловник и процедурата. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека законот бил доставен без одлука на влада само со потпис од техничкиот премиер Спасовски. За министерката за правда Дескоска се работи за технички грешки кои брзо биле иссправени.
Според неа законот овозможува ефикасна борба против криминалот и корупцијата. Предметите на СЈО продолжуваат, а бомбите ќе бидат доказ за обвиненијата поднесени до 30 јуни 2017 година. Се воведувале ефикасни механизми за избор и работа на обвинителите. Во иднина обвиненија нема да можат да бидат поднесувани врз основа на нелегално прислушувани разговори.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ повторно забележа дека владата не ги вметгнала забелешките на експертската јавност. Обвини дека со овој закон Заев се обидува да си направи простор за амнестија по 12 Април.

На законот до нсега се поднесени два амандмани. Од Алијанса на Албанците и Панчо Минов.Расправата предвидено е да трае вкупно два дена. По тоа повторно се сели на пленарна седница на Собранието. За негово донесување се потребни 80 гласа односно квалификувано мнозинство.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста