Законот за Јавно обвинителство влегува во собраниска процедура

Ако партиите се договорат за законот за јавно обвинителство тогаш можно е тој да биде донесен и до 30 август. Ова и го рекол собранискиот спикер на американската амбасадорка Кејт Бирнс на средбата кога таа прашала дали ќе се заврши работата до 15 септември. Џафери вели оти може да се донесе законот и со 80 пратеника, што значи со оние осуммина т.н. независни пратеници од ВМРО ДПМНЕ, но сепак според него важна е согласноста од опозицијата, пред се заради имиџот на државата.
Ако договор се постигнел, на 29 јули Цафери може да го стави на седница и да помине прво читање, а потоа ќе оди на матична комисија.
-Ако се добие денес, утре, може да кажам дека 29 јулиу е денот кога може да се свика седница, но ако се добие денес или утре, ако не здравје, рече Џафери.
Американската амбасадорка не зборувала во детали со Џафери, но во делот за последните случувања околу СЈО, таа нагласила дека мора да има соодветен епилог, брз и јасен. Во своето прво интервју го повика Заев да побара одговорност од владините претставници.
-Ова се многу сериозни тврдења, а во сите случаи каде што постојат тврдења за корупција и за злоупотреба на функцијата, ние поддржуваме темелна, брза и транспарентна истрага. Исклучително е важно, во секој случај со вакви тврдења, тие поединци да бидат повикани на одговорност, а Владата да презема дејствија. Ги уважуваме и ги поздравуваме чекорите што ги презема Владата за ставање крај на корупцијата и во борбата против неказнивоста. Но, има уште работа што може да се заврши. Ние ќе продолжиме да го поттикнуваме премиерот Заев да бара одговорност од сите владини претставници и да гарантира дека без оглед на нивото на функцијата, луѓето треба да имаат доверба во владините институции и тоа што тие можат да сторат за нив, Брнс во интервју за Алсат.
Засега ставот на опозицијата е дециден. Не се сложуваат со замена на една Катица Јанева со друга под името на Вилма Русковска, и со само прогласената монополска функција на првиот човек на СДСМ и премиер да одлучува за судбината на ова обвинителство чиј мандат завршува на 15 септември. Според СДСМ, пак, логично било Русковска да го води новото обвинителство оти нејзиниот мандат не бил уште завршен. Таа не била партиска желба, па очекувале поддршка од сите парламентарни партии.
Искра Коровешовска